Албанија ќе бара злато во две области, објави оглас за пријавување компании

Албанија– Албанското министерство за инфраструктура и енергетика преку објава ги поканува компаниите заинтересирани за пребарување и откривање на нови рударски области во земјата.
Станува збор за четири рударски области од интерес за истражување и откривање а понудите заинтересираните компании може да ги достават до 6 септември.
– Она што се издвојува во списокот од четири области се две од нив кои имаат за цел потрага и откривање на злато, едната се наоѓа во Либражд, а другата во Мирдита. Останатите две рударски области се доделуваат за откривање на бакар во Мирдита и за експлоатација на минерал шкрилец во Скрапар, објави весникот Монитор.
Министерството бара од понудувачите да достават понуда само за една конкурентна област, во која се обврзуваат дека ќе ги прифатат условите и обврските кои произлегуваат од изборот во конкурсната постапка.
Во објавата се додава дека трошоците направени за учество во конкурсната постапка не се надоместуваат од страна на договорниот орган.