Албанија ја презеде командата со НАТО


 

Контигентот на албанската војска ја презеде командата над силите на НАТО на границата со Русија, пренесе косовскиот печат.

Веста е објавена преку официјланата страница Присуство на НАТО на Фејсбук, каде се објавени фотографии од церемонијата, наведува порталот Косово онлајн.

„Албанскиот контингент на Летонската борбена груоа неодамна ја одржа церемонијата на пренос на власта во логорот Адази. Сакаме да се заблагодариме на членовите кои заминуваат дома на неуморната работа и посветеост и им посакуваме добредојде на идните членови на мисијата“, се наведува на Фејсбук страницата на НАТО Летонската борбена група.