Албанија денеска ги отвори баровите, рестораните, музеите, покус полициски час само во пет општини

Во Албанија стапија во сила нови олеснителни мерки,со кои по повеќе од два месеца, се отворенат барови, ресторани, кафулиња, музеи, библиотеки.

Министерката за здравстсво и социјална заштита Огерта Манастирлиу ја објави новата мапа на дозволено движење и отворање на активностите,со правилата за работа.

Ги повика граѓаните да бидат внимателни, затоа што според неа, враќањето во нормала на живот бара поголема будност и почитување на препораки за да се заштитат себе си и другите од коронавирусот.

„Од денес, распоредот се шири и се отвораат низа активности и услуги за граѓаните, но се бара поголема внимателност, да се почитуваат правилата, да се заштитите себе си и другите од Ковид-19, порача Манастирлиу.

Баровите и рестораните ќе треба да го почитуваат растојанието од два метра од маса до маса, за клиенти, на самиот влез, мора да бидат обезбедени средства за дезинфекција а вработените мора носат маски и ракавици.

Услуга тие ќе може да вршат само на отворениот дел а сеуште не е дозволено да примаат гости и внатре во објкетот, во спротивно ќе бидат казнети.

Со новите олеснителни мерки полицискиот час во така наречените зелени зони целосно се укинува додека во црвените зони, во кои спаѓаат Тирана, Драч, Круја, Скадар и Курбин, тој ќе почнува во 21 часот и ќе трае до 5 часот наутро.До сега полицискиот час на целата територија на земјата беше од 17.30 до 5 часот. Во овие пет зони не се дозволува и понатаму излез и влез со возила.

Од денес се отвораат музеите и археолошки места.

Дозволено е групен а не индивидуален тренинг на фудбалските клубови и тоа само на отворен простор, според безбедносниот протокол одобрен од Институтот за јавно здравје.

Новите олеснувања се однесуваат и на телевизиите,каде сега се дозволува во студио да прстојуваат не повеќе од двајца гости и почитување на физичка дистанца од два метра.

Во сила и понатаму е забраната за јавниот превоз, одржување спортски и културни настани а затворени и понатаму се копнените и воздушните граници за движење на граѓаните.