Албанец баран од Интерпол фатен на „Блаце“


Во неделата, во 11.10 часот, на Граничниот премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен Ф.К.(44) од Албанија.

Имено, при извршена проверка било констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“ по барање на Интерпол.

Ф.К. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.