Ал Наср елиминиран во полуфиналето на Суперкупот на Саудиска Арабија, Роналдо доби црвен картон


Ал Хилал синоќа го победи Ал Наср со 2:1 во полуфиналето на Суперкупот на Саудиска Арабија.

На головите на Салем ал-Давсари и Малком, Ал-Наср одговори со прецизен удар на Садио Мане во 90+9. минута. 

Во 86. минута, Кристијано Роналдо доби црвен картон поради неспортско однесување.

Ал Хилал се пласираше во финалето на Суперкупот на Саудиска Арабија, каде ќе се соочи со Ал-Итихад.