Ал Каида повторно му се заканува на „Шарли Ебдо“ поради објавувањето на карикатурите со Мухамед

Убиствената акција против „Шарли Ебдо“ не беше еднократна случка, предупредува џихадистичката организација во својот вчера објавен извештај. Имено, Ал Каеда уште еднаш му се закани на францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“, кој повторно објави карикатури на пророкот на исламот Мухамед по повод судењето за нападот на весникот во јануари 2015 година, пренесе американската група „СИТЕ““, специјализирана за надзор над џихадистичките организации, јави дописникот на МИА.

Одбележувајќи го почетокот на судењето за џихадистичките напади врз „Шарли Ебдо“, полицајци и еврејскиот супермаркет во Париз во 2015 година,  во кој загинаа 17 лица, сатиричниот весник ги објави карикатурите на Мухамед, што неделникот повторно го направија цел на џихадистите.

Претседателот Макрон даде зелено светло за ова реобјавување, обвинува Ал Каида.

-Доколку вашата слобода на изразување не почитува никакви ограничувања, подгответе се да се соочите со слободата на нашите активности, се заканува џихадистичката организација во своето соопштение, објавено на 11 септември, годишнината од нападите против САД во септември 2001 година – поттикнати од џихадистичката група. Исто така, според „СИТЕ“, медиумите поврзани со џихадистичката организација Исламска држава, исто така, му се заканија на „Шарли Ебдо“ со репресии на почетокот на септември, по објавувањето на карикатурите на Мухамед.

На судењето што штотуку беше отворено, четиринаесетмина обвинети, од кои на тројца се суди во отсуство, се осомничени за различен степен на логистичка поддршка на браќата Саид и Шериф Куачи и на Амеди Кулибали, извршителите на убиствата на 17 лица, меѓу 7 и 9 јануари 2015 година и предизвикаа огромни демонстрации против тероризмот на 11 јануари во Франција, со присуство на неколку шефови на држави и странски влади.

На 7 јануари 2015 година, браќата Куачи убија 11 лица во напад против редакцијата на „Шарли Ебдо“ во Париз, пред да побегнат убивајќи полицаец. Следниот ден, Амеди Кулибали – кој се дружеше со Шериф Куачи во затвор – уби општинска полицајка во близина на Париз, а потоа на 9 јануари, тој погуби четворица мажи, сите Евреи, за време на заложничката драма во продавницата „Хипер Кашер“ во Источен Париз. Нивните терористички акции завршија со смртта на тројцата џихадисти при двоен полициски напад, извршен скоро истовремено во продавницата и во печатницата во парискиот регион каде се засолнија убијците од „Шарли Ебдо“.