Активисти во Полска утрово ги разбудија руските дипломати со звуци на сирена и експлозии


 

Полски активисти, денеска во 6 часот дошле пред руската резиденција во Варшава и ги разбудиле дипломатите со звук на сирена за тревог која предупредува на воздушен напад, пукање и експлозии.

Активистите испратија силна порака до руските дипломати во оваа земја. Рано утрото стигнале пред руската резиденција и им пуштија звук на сирена за предупредување, звуци од пукање и силни експлозии со кои веќе една година се будат украинските жители.

Држеа и транспарент на кој пишуваше „Русија е терористичка земја“.

Денеска се навршува една година од почетокот на руската инвазија во Украина која однесе илјадници животи.