Активиран ТУРКСАТ 6А


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција е една од 11 држави во светот која може да произведе сопствен комуникациски сателит.

Тој на вчерашната активација на турскиот сателит истакна дека со ТУРКСАТ 6А се покриваат Индија, Тајланд, Малезија и Индонезија.

Сега Турција има девет активни сателити.

ТУРКСАТ 6А во јули 2024 година беше лансиран со ракета Фалкон 9 на СпејсИкс (Space Х).