Актерот Васко Мавровски е новиот в. д. директор на Народниот театар во Битола
За в. д. директор на Народниот театар во Битола е назначен Васко Мавровски, актер кој подолго време е член на ансамблот, а има одигранo поголем број улоги. Мавровски доаѓа на местото на досегашниот директор и актер Иван Јерчиќ кој во изминатите 7 години го водеше Театарот во Битола.
Мавровски претходно беше и портпарол на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Доаѓа на чело на установата кога пред неа на 14 ноември престои голем јубилеј, 80 години постење.
Под негово водство е и Интернационален детски фестивал „Битолино“ во Битола, чиј организатор е Театарот „Петар Стојковски-Бабец“ од Битола, основан од Мавровски и неговата сопруга Јулијана Мирчевска, која исто така е актерка во Народниот театар во Битола. Овој театар за деца го носи името на бардот на битолското глумиште Бабецот кој беше дедо на Мавровски.
Мавровски во 2022 беше повикан на распит во полиција зашто ја навредувал тогашната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на Фејсбук.