Актерот од Театар Комедија Жарко Димовски се ожени во Ровињ


Во еден од најубавите градови на хрватското крајбрежје, градот Ровињ, се ожени познатиот актер од Театар Комедија, Жарко Димовски.

Неговата избраничка е Андреа Јосифова, со која актерот беше во неколкугодишна љубовна врска.

Овој свечен момент се случил во присуство на само најблиските роднини на младенците, со оглед на мерките кои важат и во Хрватска поради пандемијата од коронавирусот.