Актерот Ник Кордеро ја изгуби битката со коронавирусот


САД- Ѕвездата од Бродвеј номиниран за наградите „Тони“ Ник Кордеро познат и по улогите во Bullets Over BroadwayRock of AgesWaitress, и A Bronx Tale, како и во ТВ хит-серијата Blue Bloods, почина на 41 година од компликации од Ковид-19, по 90 дена откако е хоспитализиран. Неговата сопруга, фитнес тренер и танчарка Аманда Клоутс, низ солзи ги објави вестите на својот Инстаграм. Кордеро од март се лечеше во болницата Седар-Синал во Лос Анџелес.  Двојката го имаше синот Елвис (1).

„Сега Бог има уште еден ангел на небото“, напиша Клоутс. бил опкружен со љубов од семејството, пеејќи и се молел додека нежно ја напуштил оваа земја“.