Актерот Митко Апостоловски, доајенот на битолското и македонското глумиште, почина на 67 години


На 67 годишна возраст во Битола почина познатиот актер Митко С. Апостоловски, доајенот на битолското и македонското глумиште, театарски, филмски и телевизиски глумец, кој театарската, филмската и телевизиската публика ќе го паметат по многу голем број на улоги кои тој во својот богат работен век ги реализира.

Митко С. Апостоловски е роден во Битола во 1955 година, а дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје, Отсек за драмски глумци.

Апостол0вски работи во Народниот театар во Битола работи (1973 – 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 – 1995). Од 1995 година е повторно е член на ансамблот во Народниот театар во Битола.

Апостоловски ги одиграл театарските улоги: Фезлиев (“Црнила”), Војдан (“Тетовирани души се враќаат дома”), Креонт (“Медеја”), Дидро (“Развратникот”)…

Апостоловски во 1979 година беше дел од ТВ сериите “Наши години“, “Илинден“, “Белото циганче“, “Тврдокорни“…

Бил глумец во филмовите “Бог да ги убие шпионите“, “Заборавени“, “Големата вода“, “Трето полувреме“, “До балчак“, “Последниот македонец“ и други.

Кај младата публика ќе остане во сеќавање по одлично одиграните улоги во ТВ сериите “Македонски народни приказни“ и “Народни приказни“.

Неговите колеги од Народниот театар во Битола, како и многу битолчани од него се простуваат на социјалните мрежи, а неговиот колега Петар Горко напиша дека ова е неизмерна загуба.