Актерот Крис Прат се ожени за ќерката на Шварценегер


САД – Актерот од „Чувари на галаксијата“ Крис Прат се ожени за писателката Кетрин Шварценегер – ќерка на Арнолд Шварценегер и новинарката од кланот на Кенеди-Марија Шрајвер кои се разведени.

Вестате ги изненади нивните обожаватели, кои сметаа дека двојката до крајот на годината официјално ќе каже „да“. Претходно, самиот Прат најави дека големиот ден, најверојатно, ќе биде во сезоната есен-зима.

Свадбената церемонија се одржа во Монтесито, Калифорнија, каде што таткото на невестата беше гувернер осум години.

Настанот се одржа во луксузниот хотел „San Ysidro Ranch“, а Кетрин беше предадена пред олтарот од познатиот тато.

Шест-годишниот син на Прат, Џек, од неговиот прв брак, исто така присуствуваше на празничната прослава. Според „Дејли мејл“, таму била и поранешната сопруга на актерот Ана Фарис, иако присуството нејзино не е потврдено.

„Атмосферата беше прекрасна – насекаде имаше многу цвеќиња и зеленило. Сите беа многу среќни“, вели изворот, цитиран од „Пипл“.

Шпекулациите за односот меѓу 39-годишниот Прат и ќерката на Шварценегер започнаа минатата година во јуни. Сепак, тие ја потврдија својата врска во Инстаграм во декември, токму на роденденот на Кетрин. Еден месец подоцна дојде нивната свршувачка.