Актерот и најсекси маж на светот за 2018 Идрис Елба е позитивен на коронавирус


Англија– Откако Том Хенкс и Рита Вилсон открија дека се заразени од коронавирусот и се изолирани во Австралија, британскиот актер и диџеј кој во 2018 беше прогласен за најсекси маж на светот, им порача на фановите дека и тој доби позитивен резултат на короната откако беше тестиран во текот на викендот. Елба (47) рече дека не покажал никакви симптоми, но се тестирал „веднаш“, откако дознал дека бил во контакт со позитивни на коронавирусот. Оттогаш е во карантин.

-Викендов се тестирав и бев позитивен на Covid 19. Се чувствувам добро, досега немам никакви симптоми, но се изолирани откако дознав за моето можно изложување на вирусот. Останете дома и бидете прагматични. Без паника.

„Гледај, ова е сериозно, знаеш?“ тој рече. „Сега е време да размислиме за социјално дистанцирање, миење на рацете … Покрај тоа, има луѓе таму кои не покажуваат симптоми и можат лесно да го шират. Значи, сега е реално време да бидеме навистина претпазливи во врска со миењето на рацете и оддалеченоста. “

Вчера и Бонд девојката, актерката Олга Кириленко потврди дека е позитивна на тестот за Корона 19.