Актерот Џуд Ло се ожени по втор пат


САД- Актерот Џуд Ло (46) се ожени со Филипа Коан (32) на интимна венчавка во Мејфер, Лондон, откако претходно потпиша граѓански брак во Мерилебон.

Холивудскиот плејбој реши да не прави голем настан од неговата втора венчавка, па на списокот на гости се најдоа само најблиските луѓе на двојката, а не неговите колеги и колешки од филмскиот бизнис.

Филипа, која е доктор на науки и по професија е бизнис психолог со сопствена пракса, почна да се забавува со актерот во 2015 година.

Ова е втор брак за Лоу кој претходно беше во брак со дизајнерката Сејди од 1997 до 2003 година кога се разведоа. Тој има три деца со неа – 22-годишниот Раферти, 18-годишната Ајрис и 16-годишниот Руди.

Актерот ја има и деветгодишната ќерка Софија од врската со моделот Саманта Бурк и четиригодишната Ада од врската со музичарката Кетрин Хардинг.

Tој беше во сериозна врска и со холивудската актерка Сиена Милер од која се раздели откако јавно ѝ се извини бидејќи имал афера со дадилката на неговите деца.