Актерката Мирјана Карановиќ заради Ковид заврши во болница
Србија- Српската актерка Мирјана Карановиќ (65) поради Ковид заврши во болница. Сместена во КБЦ Бежаниска коса во Белград. Карановиќ објави фотографии од болницата.
„Добро сум. Короната стигна и до мене. Благодарност до медицинските сестри и лекарите во болницата“, напишала легендарната актерка со емотикони со срце.
Карановиќ дипломирала глума на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1984 година, во класата на професорот Миленко Маричиќ, заедно со Љиљана Благојевиќ, Мерима Исаковиќ и Мимо Караџиќ. Светската слава ја стекна со улогата на мајка во филмот на Емир Кустурица „Татко на службен пат“.
Во 2005 година таа се појави во филмот Грбавица, кој е деби на режисерката од БиХ Јасмила Жбаниќ. Филмот ја освои Златната мечка на Берлинскиот филмски фестивал. Во него Мирјана Карановиќ глуми мајка која заедно со нејзината ќерка го преживува периодот по балканските војни од крајот на 20 век.
На Академијата за уметности во Белград е избрана за вонреден професор во 2001 година и за редовен професор по актерска игра во 2007 година. Била декан на Академијата за уметности во два мандати, од 2001 до 2003 година и од 2009 година .
Во 2010 година, таа учествуваше на работилница за актери и режисери на филмскиот фестивал во Утрехт и на театарска работилница на театарскиот фестивал во Богота.
Таа е една од петте актерки кои двапати ја добија наградата Златна арена во Пула. По нејзината улога во филмот „Грбавица“, кој ја доби наградата „Златна мечка“, во 2006 година беше номинирана од Европската филмска академија за најдобра актерка во европски филм .
Таа е забележана и по нејзиниот активизам во борбата за човекови права, учество во антивоени протести и борба против националната, расната, верската и социјалната дискриминација .
Добитничка е на бројни награди и признанија. Активно игра во театар, филм и телевизија. Од 2021 година е постојан член на Белградскиот драмски театар .