Актерката Кели Престон почина од рак на дојка: Уште една трагедија во семејството на Џон Траволта


САД- Почина холивудската актерка Кели Престон. Таа имаше 57 години.

„Утрото на 12 јули 2020 година, Кели Престон, обожавана сопруга и мајка, почина по двегодишна битка со карциномот на дојка“, изјави ексклузивно еден претставник на семејството.

„Одбирајќи ја својата борба да ја задржи приватна, таа беше подложена на лекување подолго време, поддржано од нејзиното најблиско семејство и пријатели“, вели семејниот претставник. “Таа беше светла, убава и љубезна душа која се грижеше длабоко за другите и која им донесе живот на сè што допре. Нејзиното семејство бара да разберете за нивната потреба за приватност во ова време”.

Престон со сопругот и славен актер Џон Траволта се родители на ќерката Ела (20),  9-годишниот син Бенџамин. Синот Џет почина на 16 годишна возраст во јануари 2009 година од неизлечива болсет.

Престон родена, во Хонолулу, Хаваи, студирала глума на Универзитетот во Јужна Калифорнија и ја започна својата кариера во 1985 година со својата прва голема филмска улога во „Mischief“ по неколку ситни улоги во телевизиските емисии, вклучувајќи ги „For Love and Honor“.

Во следните неколку години, Престон глумеше во филмови како SpaceCamp (1986), Twins (1988), Jerry Maguire (1996) и For Love of the Game . Последната филмска улога на Престон беше во филмот Gotti  во 2018 година во кој ја играше Викторија Готи, сопругата на мафијашкиот шеф Џон Готи, кој го глумеше Траволта.

Заедно со нејзината кариера, Престон ја вреднуваше својата децениска романса со сопругот Траволта.

На новогодишната ноќ 1991 година, Траволта ѝ предложил брак во ресторанот на хотел „Палас“ во Гштад, Швајцарија, со шест-каратно жолто-бел дијамантски прстен. Кога се венчаа на 5 септември 1991 година, Престон беше два месеци бремена со нивниот син Џет. (Двојката подоцна се венчаше по втор пат на американско тло во плажата Дејтона, Флорида.)