Актерката и мис Аишварија Раи заврши во болница поради Ковид-19


Bollywood actress Aishwarya Rai poses on the red carpet as she arrives for the screening of the film "Ma loute" (Slack Bay) in competition at the 69th Cannes Film Festival in Cannes, France, May 13, 2016. REUTERS/Yves Herman/Files

Индија (Ројтерс) – Актерката Ајшварија Раи Бахчан и нејзината ќерка се наоѓаат во болница откако оваа недела се тестираа позитивно за коронавирус, неколку дена откако беа примени нејзиниот сопруг и свекор, објавија водечките индиски медиуми.

Свекрвата на Раи, Амитаб Бахчан (77) и нејзиниот сопруг Абишек Бахчан (44), исто така највлијателни актери на Боливуд, беа примени во врвната приватна болница болницата „Нанавати“ во Мумбаи на почетокот од оваа недела.

Ајшварија Раи, поранешна мис на светот и нејзината осумгодишна ќерка Арадија Бахчан претходно биле во домашна карантин.

Весникот „Индијан експрес“, повикувајќи се на новинската агенција ПТИ, рече дека семејството добро реагирало на третманот.

„Сите се во ред. Амитаб Бахчан и Абишек Бахчан ќе бидат во болница можеби уште еден ден или два дена“, рече извор од болницата цитиран во извештајот..

Аишварија Раи (46) има работено на повеќе филмови во Боливуд и Холивуд и е бренд амбасадор за мултинационални компании, вклучувајќи го и Л’Ореал.

Индија регистрирала над еден милион случаи на коронавируси, и е трета земја по заболени во светот, а повеќе од 26.000 луѓе починале од Ковид–19. Делумен карантин е повторно воведен во некои густо населени области за да се контролира ширењето на вирусот.