Ако здивот ви има чуден мирис, веднаш на лекар


Проверете како мириса вашиот здив, бидејќи тоа може да укаже на сериозна болест.

Британските лекари спровеле студија, чии резултати откриле сосема неочекуван симптом на замастен црн дроб. Според експертите, еден од знаците дека овој орган е болен е промената на мирисот на вашиот здив.

Британско истражување покажа дека еден од предупредувачките знаци за замастен црн дроб е слаткиот здив поврзан со застоеноста. Излегува дека овој неочекуван симптом може да укаже и на присуство на други хронични болести.

Експертите истакнуваат дека ваквите проблеми може да се појават наеднаш и затоа е исклучително важно навреме да се внимава на промените во организмот, а доколку има потреба – да се побара помош од стручно лице.

Замастен црн дроб е состојба која претставува патолошка акумулација на маснотии во клетките на црниот дроб, а е предизвикана од различни фактори, пред се од консумирање јака и масна храна, што резултира со дебелеење. Болестите на овој орган се опасни бидејќи го намалуваат имунолошкиот одговор на инфекции. Често луѓето кои страдаат од заболување на црниот дроб имаат инфекции на респираторниот или уринарниот тракт.

Некои од почестите симптоми на проблеми со црниот дроб кои укажуваат дека органот е сериозно „оштетен“ се:

1 тресење на рацете ,
2 нервоза и раздразливост
3 мускулни грчеви,
4 поспаност,
5 конфузија,
6 нејасен говор,
7 општа летаргија.
Лекови, правилна исхрана, воздржување од алкохол и хемикалии, губење на тежината, третман на дигестивни нарушувања и додатоци на витамини и минерали обично помагаат и водат до закрепнување.ично помагаат и водат до закрепнување.