Ако замине Меси, во Барселона доаѓа Мане?


Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане би можел да ја продолжи кариерата во Шпанското фудбалско првенство.

Според тамошните медиуми, придружбата на 28-годишниот Сенегалец им ги понудила на Барселона услугите на играчот.

Трансферот на Мане може да се случи во случај напаѓачот Лионел Меси да го напушти каталонскиот тим.

Претходно беше објавено дека 33-годишниот Аргентинец го бараат Манчестер сити, Интер и ПСЖ. Барселона може да ја напушти и Луис Суарез.

Минатата сезона Мане одигра 45 натпревари за Ливерпул, постигна 22 гола и направи осум асистенции.

Порталот transfermarkt.de го проценува играчот на 120 милиони евра. Неговиот договор со англискиот клуб важи до крајот на јуни 2023 година.