Ако стигне вториот бран, Швеѓаните беа во право


 

Една земја доаѓањето на зимата ќе го дочека со значително помала загриженост од повеќето.

Имено, како што пишува Телеграф, едно истражување од минатата недела покажало дека 30 отсто од Швеѓаните створиле имунутет на стадо на корона вирусот. Ако имунитетот на стадо им помогне како мерка за сузбивање на вирусот во текот на вториот бран, шведскиот пристап, кој многумина го оспоруваа и критикуваа, може да се покаже оправдан.

„Луд експеримент“, така бројни стручњаци го нарекоа шведскиот модел за одбрана од корона вирусот, кој се засноваше на имунитет на стадо. Швеѓаните не воведоа рестриктивни мерки како остатокот од светот. И така тие, додека повеќето од светот се соочуваше со живот во вонредни околности, слободно излегуваа и се дружеа.

Освен забрана за собирање на повеќе од 50 луѓе, животот во Шведска продолжи како да нема епидемија. Децата помали од 16 години продолжија да одат во училиште. Никој не носеше маска.

Иако многумина очекуваа катастрофа, во Шведска таа никогаш не стигна. Како и повеќето европски земји, Шведска врвот на бројот на починати од Ковид-19 го достигна во првата половина од април, по што следеше стабилен пад.

Исто така, графиконите кои покажуваат причини за смртноста и броеви на заболени не се разликуваат од истите такви графикони од другите земји во Европа.

Но, сега целите на другите земји во ЕУ се променија па повеќе никаде нема мерки за потполно затворање туку превенција од смрт по секоја цена. Нов Зеланд за сега успешно ја искорени короната, но затоа се поздрави со својот најголем извор на приходи – туризмот – кој вклучува 10 отсто од неговата економија и 14 отсто од вкупната работна сила, пренесува Телеграф.

Изолиран од остатокот од светот, Нов Зеланд за сега е затвореник кој зависи од вакцината против корона вирусот, а таа можеби никогаш нема да се пронајде. И во Австралија во која мислеа дека го победија вирусот следеа нови карантини и затворање на милионска популација.

Вирусот царува во САД, Израел, Јужноафриканската Република, Русија, Мексико…

Акои постои надеж да се избегне вториот бран, таа лежи во избегнување контакт. Но, апликацијата NHS на британскиот здравствен систем „Test and Trace” не се покажа делотворна.

Иако, глобалната рецесија која следува нема да ја заобиколи Шведска, ако вакцината која се планира да се произведува од есен, Швеѓаните ќе бидат безгрижни. „Но тоа нема да се случи, а зимата доаѓа“, се заклучува во текстот.