Ако сакате на одмор во Шпанија, ви плаќаат тест за Ковид-19


Шпанската туристичка асоцијација ЦЕХАТ денеска понуди да им плати на странските туристи тестови за коронавирусот со цел да ги охрабри посетителите да дојдат во Шпанија.

Понудата доаѓа откако Велика Британија воведе 14-дневен карантин за туристите кои се враќаат од таа земја.

Опишувајќи го карантинот како нелогичен и неправеден, ЦЕХАТ соопшти дека помасовно тестирање на патниците е подобра гаранција за безбедност на туристите, работниците и жителите.