Ако не пиете доволно вода ризикувате смртна болест


 

Луѓето кои не пијат доволно вода секој ден го зголемуваат ризикот за смртоносна болест. Научниците ги повкуваат луѓето да пијат шест до осум чаши вода секој ден за да спречат ризик од затајување на срцето.

Срцевата инсуфициенција настанува кога срцето не е во состојба правилно да пумпа крв во целото тело, обично затоа што станало слабо или укочено.

Тоа е долготрајна состојба која вообичаено се влошува со текот на времето.

„Слично како намалувањето на внесот на сол, конзумирањето доволно количество течности односно вода и хидратацијата се начин да ги поддржиме нашите срца да можат да помогнат во намалувањето на долгорочните ризици од срцеви болести“, вели д-р Натлаија Дмитриева, водечки автор на новата студија.

Дмитриева, истражувач во Американскиот национален институт за здравје, предводеше тим кој проучуваше речиси 12.000 Американци.

Испитаниците биле на возраст меѓу 45 и 66 години, а имале здравствени картони од 25 години. На почетокот на студијата немале срцева инсуфициеција, дијабетес или преголема телесна тежина. Околу 1.366 (11,56 отсто) подоцна развиле срцева инсуфициенција, која е почеста со годините.