Ако епидемиолошката состојба остане стабилна, децата постепено ќе се враќаат во училиштата школите

Фото: Б. Грданоски

Ако епидемиолошката остане стабилна, ќе се дозволи постепено враќање со физичко присуство на сите деца во училиштата, најави министерот за здравство Венко Филипче.

„На почетокот, со физичко присуство почнуваат најмалите од прво до трето одделение и на барање на основачот, на општините, школите коишто имаат мал број на деца во класовите или мал број на класови во училиштата. Понатаму, дел од стручните училишта коишто праксата мора да ја изведуваат во самите училишта. Ќе ја пратиме епидемиолошката ситуација. Доколку таа остане вака стабилна како што е сега, овој тренд на намалување мало, но сепак намалување на бројот на случаи и намалување на бројот на пациенти коишто се лекуваат во болниците, што се едни од за нас најважните индикатори како се менаџира кризата и каква е ситуацијата со епидемијата, ќе се дозволи постепено враќање со физичко присуство и на други ученици од други одделенија“,рече министерот Филипче во интервју за Сител.

Тој повтори дека почетокот на учебната година е сериозен ризик да се влоши епидемиолошката ситуација затоа што голем број деца би биле во една или повеќе затворени простории со можност да комуницираат многу интензивно во текот на денот, повеќе денови во текот на неделата помеѓу себе, поради што препораката е за физичко присуство само на децата од првите три одделенија додека другите да продолжат онлајн настава.

„Сакаме да ги избегнеме лошите сценарија коишто ги видовме во земјите кои целосно ги отворија училиштата. Децата се преносители на вирусот, а нашата анализа покажа дека најлесна форма и најмалку процентуално, под 4%, заболуваат најмалите деца до 9 години“,рече тој.