Акционери од „Топлификација“ кај премиерот Заев, очекуваат помош за нивните проблеми


Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од вице-премиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Фатмир Битиќи, се сретна со претставници на Здружението за заштита на правата на акционери во „Топлификација“ АД.
На средбата, како што соопшти владината Прес-служба, било истакнато дека Владата и во новиот мандат останува посветена на подобрување на економскиот просперитет на сите граѓани, создавање независни институции и обезбедување на механизми во делот на владеење на правото за градење силна, независна и просперитетна држава.
На состанокот, претставниците на Здружението за заштита на правата на акционери во „Топлификација“ АД информираа за дел од проблемите со кои се соочуваат во изминатиот период.

Соговорниците, како што се наведува во соопштението, ја поздравија заложбата на премиерот Заев да ги разгледа нивните предлози и можни решенија во рамките на надлежностите од делокругот на Владата.