Акционата комедија со Бред Пит доаѓа во Скопје – ем згоден, ем брз како куршум


Јапонските патнички возови „шинкансен“ достигнуваат максимална брзина од повеќе од триста километри на час и возењето во нив е уникатно адреналинско искуство. Како што се брзи како куршуми , ги нарекуваат „bullet train‘“, а сега во кината во август доаѓа истоимениот филм.

На репертоарот на Синеплекс е на 4 август. 

Снимен е според истоимениот хит-роман на Котаро Исаке, а главните улоги ги толкуваат холивудските гиганти Бред Пит (58) и Сандра Булок, кои се покажаа како добитна комбинација во ‘Изгубениот град’ . Во Париз се одржа европската промоција на акционата комедија за несреќниот платен убиец кој сакаше да си ја заврши работата на помирен начин откако некои мисии тргнаа наопаку. Филмската екипа предводена од Бред Пит се собра на брегот на реката Сена со најголемата париска знаменитост, Ајфеловата кула, во позадина. Следуваа Берлин и Лондон, каде Бред Пит покажа врвен лежерен стил. 

Режисерот на филмот Дејвид Лајча е поранешен каскадер, а Бред Пит го запознал на снимањето на „Fight Club“. Пред осум години се посвети на режијата и во меѓувреме стана еден од најбараните акциони режисери.

Целиот заплет на филмот се одвива во воз чии патници вклучуваат пет најмени убијци чии мисии се меѓусебно поврзани, без тие да бидат свесни за тоа.