Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за сметките за вода завршува на 31 јули


Aкцијата за наплата на долговите на рати без камата за сметките за вода за физички и правни лица завршува утрена 31 јули, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

„Од 17 јуни, досега 370 корисници ја искористија можноста за склучување договори за исплата на долговите на рати без камата. Вкупниот износ за кој се склучени договорите за исплата на рати без камата е околу 24.000.000 денари“, се наведува во соопштението.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ги повикува сите корисници кои имаат заостанат долг да аплицираат за склучување договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период, одлуката престанува да важи.

„Имајќи ја предвид ситуацијата со коронавирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, повикуваме на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите. Истовремено, повикуваме и на почитување на мерките на претпазливост и заштита одредени од Министерството за здравство и Владата– задолжително носење маски, одржување растојание од 2 метра и дезинфекција на рацете“, велат од претпријатието.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје контактирајте на:
– 02 3073 010, Дежурно информативен центар;
– 02 3240 300,Дирекција
– [email protected]
– www.vodovod-skopje.com.mk
– www.facebook.com/jpvodovod.skopje