Акција за спасување: Брод со 250 патници се расипа во Јадранското Море


Траектот „Аурелија“ на кипарска бродска компанија, со 250 патници и 92 члена на екипажот, доживеа несреќа утрово – десет милји од Корнати, во хрватските територијални води.

„На траектот се расипа еден од моторите ова утро околу пет часот, а за тоа нѐ извести и побара помош од нас агент на компанијата”, рече Роберт Баљкас, шефот на пристанишната капетанија, и додаде дека кон бродот биле испратени два реморкери.

На бродот има 50 автомобили. Тој испловил минатата ноќ во 8:30 часот кон Сплит. Операцијата за спасување на траектот „Аурелија“ беше преземена од Центарот за потрага и спасување на море во Риека.

Траектот продолжува да плови на локација 10 милји југозападно од Корнати. Неговата брзина во моментов е 2,6 јазли. Големи бранови го нишаат бродот, па ситуацијата не е пријатна, но, како што се тврди, нема повредени.