„AjvarLand & Life & Lule ft Bale“ во Македонскиот КИЦ во Тирана 


Алабанија – Во Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Тирана се одржа „AjvarLand & Life & Lule ft Bale“.
 
-Според директорот на КИЦ – Тирана, Златко Ориѓански во пријателска атмосфера се измешаа македонската и албанската музика, а во просторот, многубројната публика уживаше во изложбата на уметникот Абдурахим Сулимани (Џими), пренесува електронското издание на весникот „Илинден“.
 
Тој оценува дека дипломатските и културните врски меѓу нашата земја и Албанија се продлабочуваат со директно учество на градот Тирана и на многу албански уметници во активностите на Културно-информативниот центар, каде што се промовира македонската традиционална и современа уметничка сцена.