Ајакс најде замена за Де Лигт


Едсон Алварез е новиот член на холандскиот Ајакс, кој ќе го замени Матис Де Лигт на позицијата бек.

Медиумите во Холандија пишуваат дека Алварез е на пат за Амстердам каде што треба ги направи лекарските прегледи, по што станува и официјално член на Ајакс.

Мексиканецот досега играше во клубот Америка, а освен позицијата десен бек, Алварез може да ја покрие и средината на теренот.

Како што изјавија од Ајакс, нивниот нов член ќе потпише петгодишен договор, а во наредните денови ќе биде организирано и официјално претставување на играчот.