АХВ откри недостатоци во 24 игротеки – 16 од нив не биле ни регистрирани
Во спроведени вонредни контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство во игротеки било утврдено дека 16 од нив не ни биле регистрирани во АХВ, а додека пак кај 8, инспекциските служби утврдиле дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно дека немаат имплементирано процедури на добра хигиенска пракса.
Вработените во 16 игротеки немале спроведено здравствени прегледи, а утврдени биле отстапувања во поглед на безбедноста на храната, при што биле уништени 11,5 килограми млечни производи.
„За утврдените недоследности издадени се 19 решенија и наредени мерки за нивно отстранување, времено се затворени 13 игротеки, а на 32 изречени им се парични казни“, информираат од АХВ.