Ахмети: За Рамазан да се почитуваат насоките на здравствените власти


Фото: Б. Грданоски

 

– Многу е битно да се слушаат насоките кои се даваат од здраствените институции – рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, за однесувањето на муслиманските верници за време на празникот Рамазан.

Имено, верските лидери, деновиве неколкупати повикуваа дека без разлика дали на 24 мај, кога завршуваат рамазанските празници, ќе се прогласи 24 часовен карантин, џамиите ќе бидат отворени.