Ахмети: Важно е сите да ги признаваат изборните резултати


Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска гласаше на избирачкото место 0816 во Зајас.
По изјаснувањето, Ахмети истакна дека посакува овие избори да се слободни, според потребните стандардите, да ни служат за уште еден чекор кон зачленување на земјата во Европската Унија и за заокружување на процесот за НАТО интеграциите.
– Важно е сите да ги признаваат изборните резултати, бидеќи во изборен процес има победници и оние кои не ги оствариле нивните очекувања. Многу е важно процесот да се одвива во фер и коректна атмосфера и на крај да се прифатат резултатите на овие избори од сите учесници. Според моите информации до овој момент изборниот процес се одвива мирно и без никакви проблеми, рече Ахмети.