Ахмети: Треба ветинг за да не прераснат политичките партии во обвинители или судии
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2023/09/ахмети-интервју.png)
„За да има владеење на правото и граѓаните да имаат доверба во институциите неопходно е да имаме ветинг. За политичките партии да не прераснуваат во јавни обвинители или во судии, потребен е ветинг во политичките партии, за челниците на политичките партии и на сите функционери“, рече Ахмети.
Во изјава за медиумите, лидерот на ДУИ посочи дека членството на земјава во Европската унија е единствена алтернатива.
„Разговараме со граѓаните за неопходноста од членството на земјава во Европската унија како единствена алтернатива. Убаво е што на овие средби имаме голем одзив и задоволни сме од учеството на граѓаните за да им објасниме за зајакнување на меѓуетничките односи во нашата земја како едно од важните прашања за мирот, стабилноста и функционална демократија. Разговараме со народот затоа што нашата земја има потреба од владеење на правото“, истакна Ахмети.
Тој уште кажа дека на претстојните парламентарни избори на Косово треба да победат опозициските сили. Ахмети нагласи дека победата на косовската опозиција ќе влијае добро за мирот и стабилноста.
„Од особено значење е во Република Косово да победат опозициските сили. Тоа би влијаело добро за мирот и стабилноста. Очекувам граѓаните од Република Косово да се определат за важни процеси“, изјави Ахмети во Битола, каде денеска учествуваше на политички собир со членовите и симпатизерите на партијата.