Ахмети: СДСМ и ДУИ направија многу во изминатиот мандат, Заев не се израдува на победата на ДУИ


СДСМ и ДУИ направија многу работи заедно за време на тригодишниот мандат, колку што траеше последниот владин состав и партнерството со СДСМ треба да продолжи, изјави вечерва претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

-Партнерството со СДСМ треба да продолжи, заедно направивме многу работи. Заев се извини за тоа што во нелегално сниманите разговори кои беа објавени во изборната кампања ги нарекува Албанците дека не вредат пет пари, рече Ахмети во дебатниот магазин „Click Plus“ ТВ21.

Ахмети смета дека партнерството со СДСМ треба да продолжи, потенцирајќи дека на победата на ДУИ не се израдувал лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој рече дека нема несогласувања во ДУИ, и оти сите избрани пратеници во Собранието ќе гласаат за новиот состав на Влада.

-ДУИ ќе даде зелено светло за новиот состав на Влада. Нема несогласувања во ДУИ, сите избрани пратеници во Собранието ќе гласаат за новиот состав на Влада, рече Ахмети.

Ахмети вечерва зборуваше и за последните релации со партијата која доби најголем број мандати, како и превирањата за време на предизборната и изборна кампања.

– На Села и Гаши сакав да им понудам да станат дел од идната Влада, но тие не се појавија на состанокот кој јас го организирав, изјави вечерва претседателот на ДУИ, Али Ахмети.