Ахмети отиде во Охрид да испие кафе со Курти


 

На клучниот дијалог меѓу Србија и Косово во Охриде денеска се појави и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за да го поддржи косовскиот премиер во изнаоѓање решение на нормалицазијата на односите меѓу Белград и Приштина.

Тој објави дека испил кафе со Албин Курти пред да почнат поединечните разговори.

„Независно Косово е реалност и правда која дојде во сопствената земја и e потврдена и од Европа и од САД и не може никако да се оспори. Го охрабрив премиерот Курти за позитивен епилог од дијалогот за принципите на меѓусебно признавање, прокламирани од посредниците на ЕУ кои имаат искрена цел да ја задржат стабилноста и европската иднина на целиот Западен Балкан“, објави Ахмети на Фејсбук.

Според она што го објавија некои медиуми Ахмети речиси цело време му објаснувал нешто на косовскиот премиер кој слушал и повремено се вклучувал во разговорот.