Ахмети бара магична формула како да го зачува единството во ДУИ


 

Демократската унија за интеграција на денешната седница на Генералниот совет во тетово треба да најде решение за барањата на бунтовниците од тнр. „Огнена група“ и оние што се на функции, особено во централната власт. Лидерот Али Ахмети се обидува со недели наназад да ја смири ситуацијата во партијата повеќе минимизирајќи ги можните последици од барањата на незадоволниците. Генералниот совет треба да го избере Централното претседателство на партијата.

Невообичаено, на медиумите им е дозволено да присуствуваат на собирот. Ахмети седи сам на подиумот за говорниците од каде се обраќа на присутните.

Пред почетокот на седницата, куса изјава даде лидерот на партијата, Али Ахмети, кој тврди дека во партијата нема незадоволство, туку во тек е дијалог.

„Се работи за општ состанок на Советот, се избира претседателство, се избира, секретар и други функции. Ќе се разговара за патот на развојот на нашата политика. Епилогот е : ДУИ продолжува, нема незадоволство, има дијалог, менаџирање, дебатирање за процесот, нема огнена група“, рече Ахмети.

Вчера на координација пред седницата на Генералниот совет не се појавиле членовите на „огнената група“. Но пред крајот сепак дошле нивни претставници за да го слушнат предлогот за компромис од лидерот Ахмети. Каков ќе биде тој компромос би требало да се дознае денеска.