Ахмедовиќ: Не сум видел никаде ваков Парламент, свират како во градинка


Германскиот патеник од владејачката Социјал-демократска партија (СПД) и известувач за Балканот, Адис Ахметовиќ,  кој деновиве е на средби со политички преставници во Македонија, е зачуден од она што го видел во нашиот Парламент каде што очекувал суштинска расправа за толку важно прашање како што е – дали да се прифати францускиот предлог за започнување на преговорите со Унијата. 

„Никаде во живот не сум видел толку да се свири и да се изнесуваат толку навреди во Парламент додека се расправа за волку значајно прашање – дали да се прифати францускиот предлог за започнување преговори со Европската унија. Се чудам каде го научиле тоа, во Парламент што е најголема куќа на демократијата  да се однесуваат како деца во градинка или на утакмица. Па, и дофрлаа и на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен“, изреагира  Ахметовиќ, германски пратеник со потекло од нашиот регион.  

Тој престојува во земјата за да не охрабри да ја донесеме историската одлука бидејќи според неговото искуство таа има моќ да ја стабилизира конечно Македонија и да донесе суштинска промена. 

„Патот кон Европската Унија ќе даде гаранција за стабилност, за мир, слобода, демократија и просперитет и затоа да го поддржиме тој пат, односно компромис“, порача Ахмедовиќ на брифинг со македонските новинари. Тој потсети дека и кога влегувавме во НАТО не видовме веднаш некоја голема промена, но сега додека трае војната во Украина станува јасно колку била битна таа одлука за Македонија бидејќи е заштитена.

„ Оваа недела е историска за граѓаните на Република Северна Македонија, бидејќи во текот на истата ќе се гласа за иднината на земјата. Морам да напоменам дека одлуката што денес или утре најверојатно ќе биде донесена, е прилично тешка за македонскиот народ и содржи  многу одговорност и обврски коишто треба да се исполнат, изјави Ахмедовиќ.

Тој беше уверен дека тоа е најдобро што може да нис е случи, да одиме по патот кон ЕУ.

„Цели 17 години вашата земја чека за влез во ЕУ, и во моментов тоа е единствената шанса која што може да се искористи “, нагласи Ахмедовиќ, оценувајќи дека со почетокот на преговорите ќе се зацврсти територијалниот суверенитет  на земјата, ќе се земе енергијата на популистите и демагозите кои сега се хранат со спорот во двете земји, ќе се смени целата атмосфера околу Македонијаи ќе нема веќе расправи што се Македонците , бидејќи пораката ќе биде – Македонија сега е со нас, таа е во нашето (ЕУ) семејство.