Барселона најмалку три месеци без Агуеро


Откако беше префрлен директно од теренот во болница поради болки во градите, од Барселона соопштија за состојбата на аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро.
Според првите информации од каталонскиот клуб, Агуеро нема наскоро да се врати на терените, што може да биде голем хендикеп за Барселона во преостанатиот дел од сезоната.

Во понеделникот вечерта, челниците на Барселона издадоа соопштение и порака дека Агуеро бил подложен на „дијагностика и терапии“.

– Агуеро помина низ дијагностичка и терапевтска процедура кај д-р Хосеп Бругада. Терапијата само што започна, така што нејзините ефекти и ефикассност ќе се видат три месеци по евалуацијата на процесот на опоравување, напишаа Каталонците.

Шпанските медиуми шпекулираат дека Агуеро има проблеми со срцето, но со оглед на тоа дека се уште е на ниво на претпосавки, во следниот период фудбалската јавност ќе може само да погодува за што се работи.
Агуеро летово по десет години минати во дресот на Манчестер Сити пристигна во Барселона, а од почетокот на сезоната одигра само пет натпревари.