Агенцијата за филм ќе ги поддржи долгометражните играни филмови на Игор Алексов и Сабедин Али
На конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен, краткометражен, документарен и анимиран филм (втор рок на одлучување) аплицираа вкупно 53 проекти (играни, документарни и анимирани), од кои 35 долгометражни и 18 краткометражни, информираат од Агенцијата за филм на Северна Македонија.
Поддршка за реализација на мнозински долгометражни играни филмови добија дебитантските проекти на режисерот Игор Алексов за проектот „Тајната на голиот рид“ во продукција на „Сити стар продукција“ и режисерот Сабедин Али за „Паркот“ во продукција на „Визиони плус“.
Оттаму соопштија и дека ќе се снимаат и шест краткометражни проекти од кои 4 играни филмови, 1 документарен и 1 анимиран филм.
Вкупниот буџет за поддршка на овие проекти изнесува 50.550.000,00 денари.
– Управниот одбор го пролонгираше рокот за аплицирање на овој конкурс со цел да даде доволно време за одлучување и запазување на сите процедури при изборот на најдобрите филмски проекти од кои очекуваме успешна реализација. Верувам дека сите 13 проекти кои ги поддржува Агенцијата во овој Конкурс (втор рок на одлучување) ќе бидат еднакво квалитетни, како во последните четири години и со тоа ќе ги продолжиме големите успеси на македонската кинематографија, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.
Линк резултати: http://filmfund.gov.mk/wp-