Агенцијата за филм ќе добие нов директор, на Тозија не му е продолжен мандатот


Владата синоќа на седница донесе повеќе одлуки за именувања на директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва.
На досегашниот директор на Агенцијата за филм Горјан Тозија не му е продолжен мандатот и ќе биде објавен јавен оглас за именување на нов директор.

 

Претходно, Антикорупциска поднесе иницијатива во врска со постапувањето на в.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, и побара одговорност  за да го разреши. Од Владата им посочиле дека одговорноста која ја побарала ДКСК е предмет на позитивното законодавство во државата и дека тоа е во надлежност на други органи.

Државната комисија за спречување на корупција водеше истраги по неколку пријави што ги добиле против Горјан Тозија, а една од пријавите беше поднесена и од режисерот Милчо Манчевски.