Африкански џез достоен за јубилејот: Соопштена програмата на ОФФест 2026
Со одличен избор, достоен за јубилејот и богатата историја на фестивалот, ја споделуваме програмата на ОФФест 2026, соопштија организаторите.
Со престижни учесници од вкупно 15 земји, во најголемиот број африкански. Следејќи ја убавата традиција, во прудружната програма на ОФФест ќе биде прикажан и култниот бразилски документарниот филм „ELIS & TOM“.

Првите три фестивалски вечери ќе се одржат во Националната Опера и Балет а последната во Младинскиот Културен Центар. Сите детали и информации за фестивалот и неговата извонредно силна, колоритна, инспиративна и возбудлива програма ги имате подолу и на веб-страната www.offest.com.mk
Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 16 април. Дизајнот на плакатот го потпишува Зоран Кардула.