Аеродромот во Љубљана падна на тестот, инспектор прошверцувал лажна бомба


Инспектор за безбедност на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Словенија, кој бил преправен како патник, минатата недела успеа да пренесе лажна бомба покрај контролните пунктови на аеродромот „Јоже Пучник“ во Љубљана, објави телевизијата ТВ Словенија.

Повикувајќи се на неофицијални, но сигурни извори, ТВ Словенија објави дека обезбедувањето не го открило лажниот експлозивен уред.

Во извештајот се наведува дека инспекторот, кој се претставил како патник на лет до Франкфурт, ја поминал контролата со Х-зраци носејќи лажна бомба во својот ранец.