Аеродромот во Истанбул е најпрометниот аеродром во Европа


АНКАРА – Аеродромот во Истанбул ја задржа својата позиција на најпрометниот воздушен центар во Европа трета година по ред, со 1.401 лет дневно во просек во 2024 година, според податоците на Еуроконтрол објавени денеска.

Бројот на летови е зголемен за два отсто во однос на истиот период минатата година, јави Анадолу.

Амстердамскиот аеродром Шипхол е на второ место со 1.336 летови, додека лондонскиот Хитроу е трет со 1.302 лета во текот на денот.

Парис Шарл де Гол и Франкфурт се на четврто и петто место со 1.275 и 1.204 летови дневно.