Аеродромот во Амстердам откажа над сто летови поради снег


Над сто летови од аеродромот „Шипхол“ во Амстердам денеска се откажани поради снегот кој во текот на попладневните часови пристигна во Холандија, пишува Ројтерс.

Околу пладне, веб-страницата на аеродромот во Амстердам покажа дека се откажани речиси 150 влезни и појдовни летови. Станува збор за европски летови.

Холандската авиокомпанија KLM, главниот корисник на аеродромот, изјави за холандската новинска агенција АНП дека откажала 65 европски летови во попладневните и вечерните часови.