Аеродромот „Внуково“ во Москва затворен поради дронови


 

Московскиот аеродром „Внуково“ денеска е затворен поради дронот што беше забележан во близина на рускиот главен град. Аеродромот го воведе планот „Ќилим“ кој се најавува кога на небото ќе се откријат непознати или опасни предмети.

„Воздушниот простор во близина на аеродромот ‘Внуково’ е затворен, летовите се одложени, а нивните полетувања и пристигнувања се одложени“, потврди извор на ТАСС од службите за итни случаи. „Прелиминарната причина е поради беспилотното летало“, прецизира соговорникот на РИА Новости.

Пред ова, московските аеродроми „Внуково“ и „Домодедово“ го ограничија слетувањето и полетувањето ноќта на 10 август. Причина беа дроновите кои се обидоа да ја нападнат Москва.

Вкупно, на двата аеродроми беа одложени речиси 30 летови.