Аеродром со речиси 700 активни случаи од Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

Во Скопје денеска се регистрирани 271 новозаразен со Ковид-19, со што се зголемија активните случаи на 3.562.

Дистрибуцијата по општини е иста како претходните денови, а на врвот останува Аеродром со 699 активни случаи. Следуваат Карпош со 547, Центар со 519, па Гази Баба со 450.

Но, во извештајот се забележува дека дури 100 пациенти не се распределени по општини, што значи дека можно е бројките да бидат различни од овие прикажани во денешниот извештај.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 166

• Гази Баба – 450

• Аеродром – 699

• Карпош – 547

• Центар – 519

• Кисела Вода – 417

• Ѓорче Петров – 286

• Бутел – 152

• Шуто Оризари – 26

• Студеничани – 7

• Сарај – 24

• Арачиново – 10

• Илинден – 63

• Сопиште – 30

• Чучер Сандево – 14

• Петровец –21

• Зелениково – 9

• Странец – 22

• Нераспределен- 100