Аеродром со 869 заболени од Ковид-19 на врвот во Скопје

Фото: Б. Грданоски

Со денешните 230 новозаразени регистрирани, во Скопје има 5.042 активно заболени од Ковид-19.

Најмногу активни случаи по општини во Скопје има во Аеродром 869, по што следат Карпош со 741, Центар со 668, Гази Баба со 650, Кисела Вода со 649, Ѓорче Петров со 402, Чаир 275, Бутел – 266, Илинден 121, Шуто Оризари – 53, Сопиште 43, Сарај и Петровец по 38, Чучер Сандево -28, Зелениково -16, Арачиново 10, странци се 45, а 109 се нераспределени.