Аеродром обезбедува бесплатна обука по англиски јазик за млади


 
Општина Аеродром им овозможува на младите на возраст од 15 до 30 години бесплатно да ги унапредат своите знаења по англиски јазик, да ги развијат комуникациските вештини и да стекнат сертификат за постигнато ниво Б2 согласно со CEFR.
 
Обуката ќе ја спроведе Здружението за едукација, превод и сертификација „Јазична академија“ – Скопје, кое ќе реализира интензивен курс за најмногу 50 учесници. Програмата ќе биде организирана во соодветни групи, согласно со почетното ниво на јазично знаење на учесниците.
 
Обуката е практично ориентирана, со современи наставни методи и интерактивна настава, со посебен фокус на комуникацијата и практичната употреба на англискиот јазик во секојдневниот, образовниот и професионалниот живот.
 
При селекцијата на учесниците, приоритет ќе имаат лицата од социјално и економски ранливи категории, како и младите, кои поради материјални, социјални или други околности, имаат ограничен пристап до дополнително образование од ваков тип.
Учесниците ќе имаат можност:
• да го унапредат своето знаење и комуникациските вештини;
• да го збогатат вокабуларот и да ја подобрат граматичката точност;
• да ја подобрат говорната и писмената комуникација;
• да стекнат поголема самодоверба при користење на англискиот јазик;
• да добијат сертификат за постигнатото ниво Б2 согласно со CEFR по успешното завршување на програмата.
 
Бројот на места е ограничен на 50 учесници, а почетокот на програмата е предвиден за 1 ноември 2026 година.
Рокот за пријавување трае до 15 октомври 2026 година.
Пријавувањето се врши на [email protected], со наслов на пораката:
„Пријава – Бесплатна обука по англиски јазик“
 
Во е-пораката е потребно да наведете: Име и презиме, возраст, телефон за контакт и место на живеење.
 
Локацијата на одржување на обуката и другите детали ќе бидат дополнително објавени.
Јавниот повик може да се најде на aerodrom.gov.mk