Аеродром доделува 10.000 денари за млади талентирани спортисти


Општина Аеродром доделува по 10.000 денари за млади талентирани спортисти. Целта на оваа мерка е да им се помогне на младите да ги остварат свoите амбиции и да се поттикне развојот на спортот во Општината, со што директно ќе се вратат парите кај граѓаните.

Мерката е наменета за лица до 28 години, кои не остваруваат приходи од спортот, а се истакнале со досегашните постигнати резултати.

Огласот за пријавување трае 10 дена, заклучно со 21 ноември. Повеќе информации за критериумите и за начинот на аплицирање на следниов линк: http://aerodrom.gov.mk/vest/2294